На 14 септември во локал во Прилел, Илија Локвенец синот на пратеникот Хари Локвенец извршил сексуален напад и физичко насилство, објавува ексклузивно „Економски лидер“.

Како што пишува порталот, според документите кои свиркач ги доставил во нивната редакција, иако сексуалниот напад и насилството се пријавени во полиција, против Локвенец се уште не е поднесена кривична пријава.

Илија Локвенец

Откако ја наопаднал девојката, синот на пратеникот Хари Локвенец го тепал и нејзиниот другар кој сакал да ја одбрани. Сопственкот на локалот, го предупредил да не го пријавуваат случајот во полиција.

Двајцата потоа се обратиле и во болница, каде што им биле дијагностицирани повредите.

За случајот освен службена белешка, во МВР постои и записник.

Инаку, ова не е прв испад на синот на Локвенец, тој е познат и по тоа што предизвика сериозен инцидент на екскурзија во Црна Гора.

Целиот текст прочитајте го тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.