Лицемерието во владејачката СДСМ денеска го достигна врвот, СДСМ и нивните пратеници го претворија Собранието во циркус каде што секојдневно испливува на површина сета нивна фрустрација, неспособност и деструкција, реагираат во вторникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека „очигледно некому му пречи дебата, дискусија и вкрстување на аргументите“ за пожарот во болницата во Тетово во кој на 8-ми септември животите ги загубија 14 лица а уште 12 се тешко повредени.

„Денеска македонската јавност имаше можност да се увери во дволичноста и сервилноста на пратениците од СДСМ. Наместо да го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за сѐ и сешто, наместо да се служат со навреди, клевети и измислици, тие треба конечно да престанат да бидат слепи послушници и извршители на погубната и деструктивната политика на својот партиски шеф, Зоран Заев.

Очигледно, водејќи се од вчерашната изјава на партискиот шеф Зоран Заев за „баналноста на трагедијата во Тетово“, пратениците од мнозинството не дозволија да се отвори дискусија во Собранието и без око да им трепне го одбија нашето барање“, наведува во соопштението за јавнсоста претеничката група на најголемата опозициска партија.

Оценуваат дека станува збор за „нивото на демократија“ во СДСМ, како и дека таквото однесување ја демонстрира транспарентност и отчетност кон граѓаните од страна на владејачката партија и владата предвиодена од неа.

Најсрамно е тоа што за СДСМ и нивните пратеници, предложените закони во предизборието кои ќе служат единствено за предизборен маркетинг и популизам, се поважни од дискусијата за трагедијата во Тетово која однесе 14 невини човечки животи“, се наведува уште во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираат до пратениците од мнозинството да престанат вината да ја бараат во пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, туку „напротив, конечно еднаш засекогаш да преземат одговорност за своите дела, да се погледнат себе и своите редови и да одлучат чии интереси бранат и застапуваат во Собранието“.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата упатуваме силна и јасна порака дека нема да отстапиме и секогаш ќе се бориме да се дознае вистината и вистинското лице на СДСМ. Македонската јавност заслужува да знае кој и како се бори за нивните интереси, а кој калкулира и тактизира бранејќи нечии лични интереси за зачувување на сопствената кожа и удобна фотелја“, се вели во реацијата на претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.