Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека лицата кои се во изолација ќе се следат преку мобилна апликација која во моментов се изработува по примерот од европските земји.

Лицата во изолација ќе бидат следени електронски, тоа е нешто што го работиме заедно со Министерството за администрација и информатичко општество, веќе се озработува една апликација по примерот на повеќе европски земји. Мислам дека е нешто што навистина може да користи, посебно во некои делови земјата, рече Филипче.

Министерот додаде дека апликацијата ќе биде презентирана во јавноста веднаш по нејзиното техничко изготвување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.