Лицата што примиле две дози на вакцина против ковид-19 превентивно уште ќе носат маски на отворено. Во наредниот период ќе се следи сосојбата и ќе се се решава дали маските ќе се тргнат, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, уште е рано даде општа препорака маските да не се носат на отворено.

Тоа е нешто за што ќе разговараме во наредниот период следејќи ја состојбата на терен односно како се намалуваат бројот на заразени и се зголемува бројот на вакцинирани граѓани, изјави Филипче.

Филипче кажа дека одлуката за олабавување на мерките и дозволата за организирање на настани не ги вклучува организирањето концерти и свадби односно тие сè уште се забранети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.