Граѓани на скопско Сингелиќ, кои се вратиле од Италија, бегале низ прозор кога медицински екипи дошле да ги проверат по пријава од соседите. Mедицинарите ги чекале два часа да се вратат, но ги намало. Ваква информација стигнала и до министерот за здравство, Венко Филипче, кој на прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање за овој случај посочи дека на ваквите и слични случаи работат тамошните служби кои се известени за сè.

Новинарката посочи и дека вакви случаи имало и во струшки села, но и скопско Лисиче.

И до мене стигнуваат многу такви информации. Секогаш ги известуваме соодветните служби, прво на локалниот центар на јавно здравје, а доколку е потребно и полицијата. Не можам да коментирам конкретни случаи, за тоа што се случувало. На тоа што посветивме внимание е акцијата на ОВР Струга за добра координација во тој регион. Октиси, Лабуништа и тн. Тоа се места каде што и претходно имало интензивна комуникација со луѓе од Дебар и околината, рече Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.