Симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места покажува дека партијата Левица во Парламентот ќе биде присутна со двајца пратеници.

Според овие резултати, партијата освои вкупно 37.057 гласа или 4,16 отсто од гласовите.

Во Собрание влегуваат претседателот на партијата Димитар Апасиев, кој ја предводеше листата во првата единица, како и Борислав Крмов, кој освои мандат во ИЕ3.

Рано утрово Апасиев на својот профил напиша дека неизвесен е и уште еден пратеник за партијата.

Претходно, тој обвини дека можна е и изборна кражба:

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на вчерашната прес-конференција рече дека ноќва нема да биде соопштено која партија колку мандати освоила, тука распределбата ќе биде направена утре откако ќе бидат добиени и целосно обработени сите податоци. Своја симулација не сакаше да даде ни граѓанската иницијатива МОСТ, која ги следеше изборите, поради, како што кажаа тесната разлика во гласовите.

Во текот на денот се очекуваат и официјалните бројки од ДИК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.