Расфрлани летоци по основните училишта со македонската химна можеле денеска да се забележат во дворовите на повеќе улилишта во Скопје. Откако во јавноста се појавија информации дека била испратена наредба македонската химна да се исфрли од наставната програма, голем број на граѓани бурно реагираа на ова.

Денеска од Бирото за развој на образованието ги демантира написите дека наводно, химната нема повеќе да се изучува како еден од најважните национални симболи на македонската држава.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски на својот Фејсбук профил за споредба ги објави старата и новата наставна програма, а разликите јасно може да се видат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.