Преговорите на старите коалициски партнери СДСМ и ДУИ очигледно не одат како што посакува Зоран Заев. Математиката покажува дека влада без ДУИ е невозможна, па затоа мандатарот без 61 потпис нуди сè што може да се понуди. Извори во двете партии за “Република“ потрдуваат дека Заев е расположен да им даде на ДУИ буквално сè што ќе поскаат. Во игра се неколку клучни министерства како финансии, полиција, МНР, УЈП, но и гувернерско место.

Но, „дарувањето“ на ДУИ му прави внатрешен проблем на СДСМ, како меѓу своите кадри кои веќе се побуниле дека за нив ништо нема да остане, така и меѓу албанскиот коалициски партнер Беса, која, како што покажаа анализите, му ја донесе победата на изборите. И Беса сигурно ќе сака клучни министерства, а место ќе треба да се направи и за Мендух Тачи, кој веќе се изјасни дека сака да биде вицепремиер, а ДПА да ја раководи и Финаниската полиција.

Дека двете партии веќе преговараат за ресори потврдува и заедничкото соопштение во кое стои дека започнале процес на разгледување на поделбата на одговорностите во следната коалиција, како и предлозите за, како што потенцираат, соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе можат целосно да ја спроведат програмата во следните четири години.

Засега на патот на Заев може да му застане единствено Уставниот суд доколку има инцијатива за оспорување на уставноста на доделениот мандат од страна на Пендаровски без обезбедено мнозинство. Во спротивно во деновите што следат ќе видиме и ќе бидеме сведоци на распродажба и на она малку што остана од државата Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.