Обвинителката Ленче Ристовска побара од Судот на Сашо Мијалков да му биде одреден ефективен притвор, наместо куќен.

Таа образложи дека се работи за влијателен човек кој има голем имот и може да организира бегство.

Мерката кукен притвор не е доволна  и бараме ефективен притвор.МВР не поседува технички можности  и опрема за 24 часвевен надвозр и следење.Тој им адерса на живеење во Прага и две возлика на негово име.Се работи за човек кој е добро сутииран со бизниси и може да живее во бегство.

Неговиот адвокат Љупчо Шврговски не се согласува со тоа и смета дека тоа што МВР нема технички можности за 24 часовен надзор не е вина на обвинетиот.

Одбраната смета дека барањето е неосновано. Во моментов на Мијалков му одреден домашен притвор со стрикно наведени услови.До овој момент не е нарушена ниту една од обврските со решението за куќен притвор.МВР не може да ги обезбеди обврските – тоа што државата не може да го обезбеди не може да му се препише како пропуст на мијалков
Државата мора да го обезбеди она што е пропишано со закон.Што се однесува до имотната состојба, која според обвинителите би му овозможи истиот доколку стане недостапен ќе може да се крие, била позната и до сега, пред започнување на кривичната постапка и во целиот тек итоа не може да биде основ за мерка притвор-образожи Шврговски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.