Обвинителките Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи или кој било обвинител назначен како вршител на должноста не можат да ја преземат функцијата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и наместо неа да застанат на чело на СЈО, сметаат универзитетските професори Гордан Кајалџиев и Димитар Апасиев. За да може да функционира СЈО уште една година, до истекот на мандатот, потребно е да биде констатирана оставката на Јанева, а потоа со консензус на четирите партии да се донесе нов човек кој ќе ја преземе нејзината функција.

Нејзините помошнички немаат никакви шанси, ниту правни, ниту било какви, некоја од нив да застане да го води тоа обвинителство. Треба што е можно побрзо, да се донесе консензус за нова личност по законот за СЈО, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев за Алфа.

Сè е специјално во СЈО, смета Димитар Апасиев.

Се е специјално во СЈО, имате принцип господар и бог, без главниот специјален обвинител, другите немаат никаква функција, смета Димитар Апасиев, а и двајцата се согласуваат дека делување во насока на разрешување на Јанева ќе чини многу време – неколку месеци.

Најдобро би било да се оди по брза линија, не со разрешување, туку по поднесената оставка на Јанева, тоа е најбрзиот пат, изјави Калајџиев.

Советот на обвинители треба да донесе решение со кое ќе ја констатира оставката. Ова е многу побрз начин, вели Апасиев.

Изјавата на јавниот обвинител Љубомир Јовески за вршител на должност специјален јавен обвинител претставува обид за суспенција на Собранието, што е вовед во државен удар.

Јовески не е осамен во идејата, неговиот став го дели и премиерот Зоран Заев, кој вчера по ЦО на СДСМ изјави дека што поскоро треба да се постави вршител на должност специјален јавен обвинител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.