На почетокот на првото рочиште за случајот „Рекет“ е дадена пауза од 20 минути, за медицинска екипа да го прегледа Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 за да утврди дали тој е во состојба да присуствува на судењето.

Пред да биде донесен во судот, лекартот во истражниот затвор „Шутка“ утврдил дека Боки е тешко контактибилен и дека не може свесно и рационално да размислува.

Неговиот адвокат, Сашо Дуковски, земјаќи збор, изјави дека на ова укажувал со месеци и дека детално и децидно се подготвени за целиот процес.

Не сакам да бидам сфатен погрешно. Јас го посетував и во болницата „8 Септември“ и во затворот и запознаен сум со неговата здравстрвена сосотајба. Не случајно ја одржав и прес-конференцијата. И јас инсистирав да дојде денеска во судницата. Еве вие го гледате. Го посетив и вчера во затворот и под кривична одговорност тврдам дека не е точно дека му се дава терапија. Таа му е прекината и вие одлучувате дали процесот денеска ќе се одржи или не. Истото се сучи и во јавното обвинителство при одредувањето на притворот, меѓутоа тогаш сите молчеа, изјави Дуковски.

По него повторно зема збор Боки 13.

Немам добиено терапија, а испуштен сум од болница на први декември под непознати околности. Утврдена е нова дијагноза, но не ја добив целата докумнтација, рече Боки 13.

На ова реагираше обвинителката Вилма Рускоска, која рече дека штом од болницата „8 Септември“ е дадено мислење дека тој е способен да го следи процесот, тогаш тоа е така.

Ниту еден доктор не би си ја довел во прашање работата и својата кариера и затоа сметам дека ова се обиди да се одложи почетокот на судењето – изјави Рускоска.

По ова, судијката даде пауза од 20 минути со оглед на тоа што во судот е присутна здравствена екипа, која ќе изврши преглед на Боки по што ќе процени како ќе следуваат натамошните активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.