Денеска се навршуваат 15 години од трагичната авионска несреќа во близина на Мостар, БиХ во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на екипажот.

Трајковски стана претседател на Република Македонија на 15 декември 1999, во една од најтешките години за Македонија, кога земјата се соочи со наплив од 360.000 косовски бегалци, поради војната која беснееше во тогашната српска покраина.

Пред да седне на претседателската фотелја, како заменик министер за надворешни работи, Трајковски ја даде легендарната изјава, за која многумина посочуваат дека помогнала во неговата кандидатура за шеф на државата.

Слушам на „Си-Ен-Ен“ дека стално кружи, да не кажам за мене и увредлива констатација, дека ова е срам за Македонија. Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кои се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво од далеку, од Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно, пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм, порача претседателот Трајковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.