Се наоѓаме на местото на убиството на ракометарот Тот, на ова место во четвртокот рано утрото до смрт бил претепан младиот спортист, а едниот од убијците се даде во бегство и Спасовски 6 дена не можеше да го пронајде. Шест дена убиецот е во бегство, за денеска под притисокот на јавноста и медиумите тој да биде пронајден. Спасовски не успеа да го обезбеди убиецот за органите на прогонот, тоа го стори јавноста и медиумите кои будно го следеа настанот, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека Спасовски немаше интерес убиецот да биде пронајден лесно може да се утврди и по неговите изјави, и изјавите од МВР преку соопштенија. Шест дена по ред Спасовски и МВР менуваа изјави и излегуваа со различни теории, кои сите беа претставувани како вистини, се додека медиумите не објавија видео снимка од убиството, па Спасовски само излезе и потврди дека имаат снимка. Значи беше потребно медиумите да ја објават снимката од која без сомнеж се гледа како е убиен, за Спасовски да почне да менува изјави.

Спасовски треба да одговори што правеле МВР од четвртокот рано утрото до попладнето кога вели дека излегле на терен, и зошто е оставен толку долг период, зошто веднаш не биле повикани сведоците, и не биле прегледани камерите, туку тоа се направило по неколку часа?

Дополнително Спасовски треба да одговори и дали во непосредна близина на настанот имало и полициски службеници кои не го спречиле настанот?, прашува Лефков и додава:

„Ракометарот Тот можеби можел да биде спасен, доколку реакцијата на МВР била побрза, а со сигурност убиството ќе било расчистено уште првиот ден доколку Спасовски и КАРИЛ не го претставуваа убиството како несреќа, туку се насочеа кон расчистување на случајот.

Спасовски треба да одговори на овие прашања, а не да ја дефокусира јавноста со тоа дали дискотеката имала или немала лиценца. Тоа што неговите инспектори и инспекторите на Пазарна инспекција дремеле и не ја затвориле дискотеката, тоа не го уби Тот.

Смртта на човекот е прикривана од Спасовски и Ковачевски, тоа го пишуваа и хрватските медиуми. И одговорност за Спасовски мора да има. Оставка веднаш“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.