Узурпирани ни се институциите целосно. Ликот на Ковачевски е лице на премиер кој што узурпира. Ликот на Талат Џафери кој што го узурпира Собранието. Една граѓанска иницијатива тој ја одбива затоа што не можело да се толкува, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков како одговор на прашањето зошто неговата партија не поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери, иако претходно тврдеа дека ја прекршил процедурата.

Според него, „кога ќе се спомнат имињата на Талат Џафери и Али Ахмети, тоа е тригер за пратениците од ДУИ“.

 

 

Џафери е узурпатор, а со узурпатори не се преговара. Ќе дојде време кога истите ќе бидат поднесени и ќе одговараат во момент кога ќе бидат ослободени институциите. Многу брзо ќе дојде промената на власта, рече Лефков во емисијата „24 анализа“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.