Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе посебно барање до Комисијата за здравство да побара информации од Министерството за здравство кој се е вакциниран, бидејќи во јавноста се појавиле информации дека се вакцинирани и политичари од власта.

Според пратеникот Миле Лефков сомнежот е каде се вакцинирани тие, дали тука или во други држави.

Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчисти. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници, а да има за политичарите од власта. Во интерес на јавното здравје апелираме информациите за тоа кој се е вакциниран да се декласифицираат, кажете кој се е вакциниран. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме посебно барање до собраниската Комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона – побара Лефков.

Тој посочи дека бројката на заболени е околу 30 проценти од вкупно тестираните, а на починатите секој ден е по неколку десетина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.