Антимакедонската СДС подготвува план и тоа исплашени од народот, да ја отфрлат Иницијативата за Референдум. Свесни се дека над 60% од Македонците го поддржуваат Референдумот и би излегле на истиот, тие подготвуваат сценарио тој воопшто и да не се случи, ова денеска преку прес-конференција го истакна Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Во таквото сценарио главна улога треба да одигра Талат Џафери, кој само ќе го спроведе даденото од Ковачевски. Власта знае дека огромно мнозинство од народот кој ќе излезе на Референдум ќе гласа за поништување на договорот со Бугарија, и затоа бега. Народот ќе излезе на Референдум затоа што знае дека договорот со Бугарија е коренот на сите негации на македонскиот јазик, историја, идентитет. Референдум мора да има, затоа што тој е највисока форма на демократија. Апелираме до антимакедонската СДС и Ковачевски, да не се дрзне да го помножи народот со нула. Дополнително, ако власта верува дека договорот со Бугарија е добар и тој наоѓа на поддршка кај народот, тогаш зошто се плаши да го стави истиот на Референдум? Или пак признаваат дека лажат и манипулираат целиот овој период, и потпишале договор кој не е согласно волјата на народот, вели Лефков.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ даде уште една понуда до власта, ако е уверена во своите политики, и поддршката кај народот, тогаш ајде заедно со Референдумот да излеземе и на предвремени парламентарни и претседателски избори.

На еден трошок да се организираат тројни избори. За државата да добие власт, која што ќе работи во нејзин интерес, рече Лефков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.