Либералдемократската партија предлага во Комисијата за зарани болести да членуваат д-р Никола Пановски и д-р Драган Даниловски, двајцата лекари кои неуморно во текот на последниве две години од почетокот на пандемијата алармираат и споделуваат совети и препораки за граѓаните и совреме предупредуваат на епидемиолошката состојба во земјава, објави Нова ТВ.

Во ЛДП велат дека ако денеска на владината седница стане збор за новиот состав на Комисијата за заразни болести тие ќе ги достават своите предлози, но исто така ќе го информираат и новиот министер за здравство Беким Сали за нивниот предлог.

Во Комисијата за заразни болести треба да членуваат стручњаци кои недвосмислено ќе можат да се носат со сите предизвици на ковид пандемијата и да предлагаат мерки за заштита на населението од заразни болести поттикнати пред се од епидемиолошката состојба во земјава, а не од какви било политички влијанија или калкулации, порачуваат од ЛДП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.