Либерално-демократската партија ги повика политичките партии на денешната лидерска средба да ги одложат парламентарните избори кои треба да се одржат на 12 април и да закажат нов термин за месец октомври.

ЛДП ги повикува сите партии да се водат пред сè од интересот на здравјето на македонските граѓани и да ја донесат оваа единствено исправна одлука кој во моментов е значајна. Како партија, ние, го предлагаме месец октомври како единствено реален датум за одржување на парламентарните избори бидејќи покрај справувањето со заканите по здравјето на граѓаните од корона вирусот (COVID-19), следно ќе биде справување со економските последици и преземање на мерки во таа насока со контигентен план за фискалните мерки.

 

За нас, последно за што треба да се грижеме во моментов се изборите и затоа сметаме дека во време на пандемија треба да заборавиме на нашите политички несогласувања и сите заедно сполотено да делуваме кон победата на злото кое се заканува по животите на луѓето, се вели во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.