Протестите се демократско право, но апелираме до сите оние кои што неколку дена се наоѓаат на улиците пред нашите институции, да не користат сила и да не фрлаат со предмети кои што можат да повредат други луѓе, вели Теодора Димитровска портпаролка на Либерално демократската партија.

– Свесни сме и знаеме дека протестот преставува уставно загарантирано право, луѓето кои што протестираат пред нашите институции имаат право да го прават тоа и да го изразат своето незадоволство на улици, но да се воздржат од употреба на прекумерна сила, додава таа.

Димитровска исто така упати апел и до оние службеници кои што се наоѓаат на теренот овие неколку дена, а кои што се од Министерството за внатрешни работи.

– Ве замолуваме вашите работни обврски да ги вршите во рамки и во согласност со законите, прекумерна сила во овие моменти не е потребна, ЛДП секогаш застанува зад интересот на граѓаните и во наредниот период такви ќе бидат и одлуките кои што ќе бидат донесени, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.