Помалите партнери во коалицијата на СДСМ (ДОМ, ЛДП и Демократски Сојуз) ќе се сретнат со претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел којшто е во посета на Македонија во врска со францускиот предлог за преговарачката рамка, објави Телма.

Претставници на една од партиите за Телма потврдија дека ќе остварат средба со Мишел. ЛДП; ДОМ и Демократскиот Сојуз бараат дополнителни гаранции, а сѐ уште не се изјасниле за францускиот предлог.

Најверојатно тоа е причината поради што на денешниот прелиминарен распоред за работа на владината седница, го нема францускиот предлог.

Кога ќе почне седницата и ќе биде утврден дневниот ред, ќе бидете информирани, кратко ни одговорија од прес-службата на Владата.

ЛДП чиј претседател е министер за локална самоуправа Горан Милевски најави дека партиските тела сѐ уште не го разгледале и не донеле одлука за францускиот предлог и дека тој во моментот нема да гласа позитивно на владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.