Поминаа 2 дена, а сеуште никој не превзема одговорност затоа што пациентите на Инфективното одделение без оставени без елементарна грижа додека траеше партиското сликање со Ненад Коциќ, изјави д-р Кирил Лазов – кандидат на советник на ВМРО – ДПМНЕ во Велес.

Сакаме да ве известиме дека денес ВМРО-ДПМНЕ поднесе приговор до Државната изборна комисија, известување до Државната комисијата за пречување на корупција и до ОПСЕ и ОДИХР за скандалозниот настан кој го одржа кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ заедно со медицинскиот персонал од Инфективното одделение на велешката болница.

Иако втор ден по ред ги прозиваме јавно, ниту пратеникот Коциќ, ниту директорот на болницата Бојаџиев, ниту СДСМ како партија не кажаа кој и како дозволил или организирал да партиски настан каде целиот персонал ја напушти болницата за да се слика со кандидатот за градоначалник на СДСМ, Ненад Коциќ. За време на настанот пациентите кои се згрижени во болницата и буквално се борат за живот со подмолниот вирус се оставени сами на себе, без лекарска грижа, рече Лазов.

Од ВМРО ДПМНЕ додаваат дека забележиле од фотографиите дека за време на сликањето пациенти чекаат пред вратата на болницата без никој од медицинскиот персонал да ги прими.

Ги повикуваме уште еднаш Коциќ, Бојаџиев и раководството на СДСМ Велес, да дадат одговор како го организираа овој настан и кој од болницата даде наредба или одобрување докторите да се сликаат со партиски кандидат во текот на работното време. Дали планираат некој да одговара за ова или ќе молчат и никој нема да понесе одговорност исто како за пожарот во болницата во Тетово каде изгореа 14 живи луѓе, рече Лазов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.