Од ВМРО ДПМНЕ ја демантираат објавата во Цивил медија дека Христијан Мицкоски изразил признание за „успесите, храброста и одговорноста на Зоран Заев“, што порталот ја објави како ексклузивна вест од лидерската средба што се одржува во претседателската резиденција вечерва.

Власта во паника шири лажни вести. Преку ваквите лажни вести целта е да се предизвика мнение за споделување на одговорноста за поразот на Заевите политики во ЕУ. Заев е детронизиран и  прашање на денови е кога тој ќе заврши на мрачните страници на историјата. Криминалниот октопод е извор на високата корупција на чие чело е токму Заев. И токму тоа е причината за моментната состојба во која е втурната Македонија. Ваквите лажни вести нема да го амнестираат од одговорноста за поразите на земјата.

Во текстот, меѓу другото, се вели дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ му изразил признание за успесите во Брисел, како и за храброста и одговорноста на премиерот за неговата одлука да понуди предвремени избори.

Мицкоски не кажал ни збор за тоа дека реформите не се спроведени, ниту било каква критика, туку имал само пофални зборови и признанија како реакција на излагањето на Зоран Заев, стои во написот на Цивил медија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.