Мицкоски беше убедлив и прецизен, а Заев нервозен. Вака јавноста на социјалните мрежи го оценува синоќешниот прв телевизиски дуел пред парламентарните избори помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. 

Додека траеше трочасовниот двобој, на „Фејсбук“ течеше анкета чии резултати покажуваат дека граѓаните сметаат дека Мицкоски бил убедлив во дуелот. На ова прашање досега одговорија над 2.500 граѓани, а 79 отсто од нив велат дека Заев убедливо изгуби на вчерашното соочување.

 

Поголем број гласови Мицкоски доби и на прашањето кој ќе биде иден мандатар на Владата.

Ни „Твитер“ не мируваше. Твитерџиите коментираат дека апсолутен победник е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски порачувајќи дека се одржал ТВ дуел помеѓу поранешниот премиер Заев и идниот премиер на владата Христијан Мицкоски.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.