Доктор Ненад Лазаров на Фејсбук напиша статус во кој вели дека модуларната болница во Скопје е затворена.

Тој додава дека истата прокиснала, а водата стигнала до струјата.

Затворена модуларната „болница“ до Инфективна, прокиснала и стигнала вода до струја, стои во неговата објава.

И 24ТВ, објави дека е затворена модуларната болница поради протекување. За телевизијата Инфективна клиника и од Министерството за здравство ја потврдиле информацијата дека минатата недела е затворена модуларната болница, каде имало 20 тина пациенти.

Точно е дека прокапа од дождот, ја испразнивме, дезинфициравме внатре и сето тоа ќе се санира. Дел од пациентите се префрени на Инфективна клиника каде што имаше слободни места дел се на Институтот за ТВЦ“, изјави за 42 ТВ, д-р. Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести,  вели во изјава за 24ТВ д-р. Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.