Часовникот почна да чука по заминувањето на Заев, бидејќи очигледно не чукаше додека беше Заев, времето беше застанато некаде во 1948 на Информбиро, судење, Голи оток, на малтретирање луѓе, на нерасчистени убиства, на политичка лага, на диктатура. Тоа време завршува, часовникот почна да чука, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, новинарот Драган Павловиќ Латас.

Латас истакна дека единствено добро што Заев го направил во неговиот петгодишен мандат е неговата оставка.

А најлошото меѓу еден куп работи е злоупотребата на правниот систем и на СЈО. По тоа ќе го паметиме најмногу и ко корупција општа и по корупција во правниот систем. Ќе го паметиме како премиер и шеф на партија кој си оди од власт како најомразен политичар кој Македонија го памети од 1990 година досега, рече тој.

Латас посочи дека заминале многумина и подобри и полоши од него, но никој не бил омразен како Зоран Заев кој дури и во сопствената партија околу 37% не сакаа да гласаат на овие партиски избори за неговиот нов лик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.