Зоран Заев не можете да го гледате како политичар затоа што тој не е политичар, тој е бизнисмен, тој е шеф на мафија и неговата логика е мафијашка. Нему му е битно да добие уште еден мандат, да го покриваат некои нови судии. Тој 12 години бил градоначалник и 4 години е премиер и денес се пофали дека има 8,7 милиони евра кеш од државна служба. Самото тоа дава заклучок што е неговиот приоритет, него го интересира кеш. Што и да побара Бугарија тој ќе дадe.Тој веќе го дал Гоце Делчев сега само се спроведува, него го опеменаа дека договорoт е веќе склопен само треба да го проведе, ова го истакна новинарот Драган Павловиќ Латас во своето гостување во емисијата „Што не е јасно.

Латас во своето гостување укажа дека беспредметно е да се разговара дали Гоце Делчев е македонец, посочувајќи дека Делчев е основополжник на современата борба за Македонија.

Беспредметно е да се разговара дали Гоце Делчев е Македонец, тој е основоположник на современата борба за Македонија, вели Латас.

Во однос на најавите на министерот за правда Бојан Маричиќ за измените во Кривичниот законик, Латас вели дека се намалува казната од 8 на 3 годиниа за злоупотреба на службената положба и овластување, потенцирајќи дека причина за тоа е Заев да избегне одговорност во опозиција.

Бугарија на Зоран Заев му е деловен партнер, тој човек нема политичка свест ниту има политички критериум, бадијала се трудите да го дефинирате гледајќи го како политичар, тој не е политичар. Тој најавува дека Маричиќ ќе прави измени во Кривичниот законик. Знаете што се измените, дека се намалуваат казните за злоупотреба на службена положба, се намалуваат од 8 на 3 години за Заев кога ќе дојде во ситуација да биде во опозиција да не одговара за државна проневера и не одиш во затвор и тоа е него што го интересира, додаде Латас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.