Курто Дудуш, градоначалнокот на СДСМ од Шутка е симболиката на оваа власт. Го заклучил Сенад Јашар во канцеларија и го тепал, патем викајќи дека ништо не му може затоа што тој ја држи Шутка под контрола.

СДСМ и МВР го заташкуваат случајот со стандардни фрази: осудуваме насилство, се преземаат мерки… бла, бла, бла… А да беше Курто тепан се ќе беше поинаку.

Бранко Героски објави дека активист на СДСМ му се заканувал поради пишувањата за големи рекети на фирми и општини кои ги тераат функционери на СДСМ заедно со сопственик на една нова телевизија. МВР молчи за ова. Се заканувал извесен Борче Гиновски, функционер на СДСМ во Ѓорче Петров.

Слушаме телефонски разговори како ДУИ договарале криминали, корупција, дури и заташкување на истрага за убиство, и никому ништо. Сетете се на протестите за Мартин Нешковски. Молчат и чекаат се да се заборави. Постапка нема а нивните медиуми, невладини, ботови по социјалните мрежи… им судат на стотици од ВМРО само врз основа на телефонски разговори. А разговорите од СДСМ ги кријат.

Никој ништо не ми може, јас ја контролирам Шутка… вели Курто Дудуш. Курто само го применува она што може да го види од владеењето на централната власт.

Гледа дека и на владата “никој ништо не и може, ја контролираат ситуацијата“. Зошто и како Курто Дудуш и СДСМ сосе ДУИ ја контролираат ситуацијата.

Оваа влада е поставена надвор од ред и поредок, без победа на избори. Со задача да одработи проекти како промена на уставно име на државата, албанизација со двојазичност и фалсификуван попис, поништивање на нацијата и историјата на Македонија. Продава национално, заработува лично и локално. И, за тоа е дипломатски наградена и заштитена.

Целата колумна тука. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.