Ковачевски кога беше избран за прв човек на СДСМ му се поклони на Заев и тоа е понижувачки чин за било која јавна личност, особено за нареден премиер и со тоа покажува кому му должи. Човек кој на бившиот шеф на партија му се поклонува нема доверба дека ќе бори за интересите на Македонија на економско поле, национално, меѓународно, дека ќе има успех, амбиција и шеф на тим. Шеф на тим не се поклонува на Зоран Заев, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Што не е јасно“ на Алфа.

Латас потенцираше дека на вчерашните избори во СДСМ од над 70.000 членови, гласаа околу 40.00 членови и тоа значи дека членството не е мотивирано да гласано, но тоа што е поважно покрај тоа што бојкотираа локални избори и внатрепартиски избори, го бојкотираат и Димитар Ковачевски.

Тој додаде членството е незадоволно затоа што соросоиди го водат СДСМ за кои измислија Фонд за иновации да се делат пари или милион ипол евра поделени за соросоиди за да пропагираат вакцини кои не беа ни купени, како и се делат пари за весници кои никој не ги чита, ама сите се про СДСМ.

Тие прв пат излегоа со свој кандидат во СДСМ, со Деспотовски кој беше директор на Фондот кога се делеа првите пари. Тој не излезе само за бројка, туку сакаа да си ги измерат силите, рече Латас..

Латас додаде дека скопското членство прво забележа дека СДСМ по своето однесување и начин на корупција не тоа на Црвенковски.

Од скопските сдсмовци нема во раководството на партијата, а Скопје е една третина од Македонија и затоа најмалку 30.000 гласачи отидоа во Левица, а толку на СДСМ им фалат на конгресот и како тече времето ќе им заминат и други, а Ковачевски не може да врати ниту еден гласач кој тие го изгубија, потенцираше Латас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.