На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска го образложи законското решение поднесено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на платите на наставниците, практично истото законско решение кое што е во собраниска процедура но без делот за партизација и неквалитет во образованието, предлог кој што пратениците од власта го одбија.

Ова законско решение го поднесуваме од причини што преголемата медиумска застапеност и негативно образложение во јавноста дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против покачувањето на платите за наставниците е апсолутно неточно. Постоечкото решение не е добро бидејќи врши преголема партизација и дискриминација на наставниот кадар. Се зголемува општиот ризик за продуцирање на технолошки вишок, заради барањето трансформација да се врши сега и веднаш. Намалување на квалитетот на образовниот процес. Тоа се основни причини заради кои што законското решение кое што е во собраниска процедура не е добро, истакна Ласовска.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска истакна дека доколку власта се грижи изминатите пет години за обрaзовниот процес и зголемување на платите на наставниците истото можела да го реши со колективниот договор кој што веќе постои.

Доколку на сите нас ни се приоритет платите на наставниците тогаш го предлагаме ова законско решение кое што ќе помогне како законска основа за почитување на колективниот договор и конечно оваа влада која што пет години владее со државата да разбере дека не може да ги манипулира наставниците и наставниот кадар и ако сакаше до сега да им го реши статусот и нееднаквоста на платите можеше да го реши со почитување на колективниот договор кој што постои, нагласи Ласовска.

Ласовска ги повика пратениците на СДСМ и ДУИ да го поддржат законското решение за решавање на статусот на наставниот кадар, решение кое што практично е истото кое е во собраниска процедура но без делот за делот за партизација и неквалитет во образованието, но пратениците од власта таквиот предлог го одбија.

Ве повикувам да го изгласаме заедно ова законско решение да почне да се решава социјалниот статус на наставниот кадар и да почнеме оттука, а за следните законски решение да најдеме начин дијалог како тие законски решенија да ги направиме уште подобри. Законското решение кое што вие го поднесовте но тргнат делот за партизација и неквалитет во образованието еве прилика да се изјасните дали сте за покачување на платите на наставниот кадар или не, истакна Ласовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.