Во Собранието во тек е седницата за предлог-законот за јавно обвинителство на која најголем дел од дискусијата се сведува на обвинувања помеѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и независната „осумка“ за случајот „Рекет“, за работата на СЈО, за „бомбите“, но и низа лични прозивки.

Пратеничката Емилија Александрова во контрареплика кон Ане Лашоска кажа дека со тоа што не го гласаат ВМРО-ДПМНЕ законот, поддржуваат владеење на партија а не на закон…Лашоска пак и возврати дека во ВМРО-ДПМНЕ се поздравуваат со браќа и сестри и се гледаат како едно семејство, затоа потенцира таа ќе направи се за тоа семејтво и истакна дека Најлошиот од ВМРО-ДПМНЕ е подобар од најдобриот во СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.