Ане Лашкоска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека власта нема капацитет да го реши проблемот со Охрид, кој е под закана да биде избришан од листата на УНЕСКО.

Очигледно власта на чело со СДСМ  ниту сака, ниту има капацитет да го реши проблемот со Охрид.

Додека одговорноста си ја префрлаат од еден на друг, Охрид би можел за прв пат да се најде на листата на светско културно наследство во опасност, во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбехистан.

Надлежните институции наместо веднаш да започнат со решавање на проблемот со дивоградбите, владата предлага нов предлог закон со кој купува време и бега од одговрност. Владата, општините и сите надлежни институции можеа и требаа досега да донесат одлука за рушење на дивоградбите и без овој нов закон, односно со веќе постоечкиот закон.

Наместо да делуваат брзо, ефективно и ефикасно власта се реши за купување на време преку предлагање на нов скандалозен предлог закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи овој закон бидејќи е скандалозен. Со предложеното законско решеније единствено се префрла одговорноста на новиот Совет кој што треба да одлучува со бадентер што е спортивно на Уставот, изјави Лашкоска.

Извор: https://tv21.tv/

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.