Веќе десет месеци во Република Македонија не функционира антикорупциската комисија и целата македонска јавност е сведок на коруптивни скандали во државата, потенцираше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната расправа во Собранието.
Факт е дека продолжението на денешната седница всушност е под притисок и под влијание на целокупната македонска јавност и под влијание на опозицијата затоа што ова прашање е актуелно во последните две недели, затоа што незамисливо е во една држава десет месеци антикорупциска комисија да не функционира, рече Лашкоска.
Според неа владејачкото мнозинство всушност сака да организира претседателски избори без постоење на антикорупциска комисија, затоа што на почетокот од дебатата беа кажани роковите кои ќе треба да се исполнат за да се избере антикорупциска комисија по овој закон.
Ако до распишувањето на претседателските избори, владеачката гарнитура си дозволи да не се формира антикорупциска комисија ќе биде скандалот до сега невиден, додаде Лашкоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.