Во 2021 година се склучени 13.337 бракови и во споредба со лани нивниот број е зголемен за 29.8 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1.981 или 14.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 667 или 5.1 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94.0 % за жените и 93.3 % за мажите.

Во втор брак со учество од 6.2 % и во трет брак со учество од 0.6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2021 година, најголем број бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.392 или 32.9 % кај жените и 4.959 бракови или 37.2 % кај мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 27.0 години за невестата и 29.8 години за младоженецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.