Весникот „Лајм“ објави фотографија од високиот партиски функционер Фатмир Бесими кој е фотогарфиран во друштво на српскиот генерал Љубиша Диковиќ.

Господине Али, Лајм сѐ уште нема отидено на одмор, па затоа би било добро да бидете малку повнимателен со вашите изјави. Не изјавувајте дека “ОЗНА и УДБА” се против ДУИ, бидејќи фотографијата од состанокот на поранешниот министер Фатмир Бесими со српскиот генерал Диковиќ не се совпаѓа со она што го кажувате. Бидејќи станува збор за средба со шефот на српската армија, кого и самите српски невладини организации го обвинуваат за воени злосторства против косовските Албанци.

Дали навистина мислите дека Албанците ќе веруваат дека Диковиќ (кому вашиот министер му стегнал раце) е против УДБА и ОЗНА? Дали мислите дека Албанците веруваат дека оваа средба на Бесими со Диковиќ е реализирана без ваше знаење?

Можеби ќе кажете дека оваа слика веќе е објавена илјада пати. Ќе ја објавиме 10.000 пати ако е потребно, затоа што покренува основани сомневања дека реалноста е во целосна спротивност со она кои го зборувате, пишува „Лајм“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.