Денес, во 14:00 часот на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се оддржат антивладини протести организирани од Блерим Ахмеди, братот на Ел Чека, пишува весникот Лајм.

Протестите поттикнати од објавувањето на прислушуваните разговори на функционери на ДУИ, сега се преместуваат во Скопје.

Поранешни команданти и борци ОНА повикаа на масовно учество. Протестот е поддржан од неколку невладини организации, но и од многу албански интелектуалци и патриоти од земјата и од странство

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.