Четворица лаборанти од лабараторијата во Клиничка болница-Штип се заразени со коронавирусот. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев ја потврди информацијата за МИА и вели дека од вчера со заразените во изолација се и петмина нивни колеги од болничката лабараторија, бидејќи имале контакт со заразените.

– Во договор со Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, лабораториските анализи за пациентите ќе се прават кај нив. Додека за пациентите кои се хоспитализирани на Инфективното одделение, но и на останaтите одделенија во болницата, ќе се прават во лабораторијата од страна на кадарот, кој не замина во изолација, рече Ѓеорѓијев.

Во моментов десет здравствени работници во Клиничка болница-Штип се позитивни на Ковид-19, од кои две лекарки, четири медицински сестри и четворица лаборанти. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.