Аферата „Рекет“ и денеска осамна на насловната страница на италијанскиот весник „Ла верита“.

Текстовите што ги објавуваше новинарот на „Ла верита“ Ларис Гајзер за овој случај, документацијата и видеата коишто докажуваат постоење на длабока корупција во македонскиот политичко-судски систем, како и криминална злоупотреба на државата, предводена од премиерот Заев, на штета на граѓаните и политичките опоненти, ги носат првите правни последици.

Откако претседателот на државата Пендаровски се огради од Зоран Заев, веднаш по објавувањето на скандалот, и неговота комплетна поддршка за храбрите и чесни судии, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изминатите денови испраша доста сведоци поврзани со случајот „Рекет“. Помеѓу сведоците слушнати во вторникот, беше и Катица Јанева, специјалната обвинителка фаворизирана од ЕУ на Јункер и Могерини со цел Зоран Заев да може легално да дојде на власт по скандалот со нелегално добиените прислушувања во 2015 година, за да се уценува политичкиот противник Никола Груевски, исто така посочен како глава на еден систем на злоупотреба длабоко вкоренет во државата.

Видеата што ги објавуваше италијанскиот весник силно ја осомничија Јанева за изнуда против обвинети лица, та дури и лица под истрага токму од нејзина страна.

За помалку од 24 часа по нејзиното сведочење, Катица Јанева е уапсена. Обвинителот Јовески за неа побара 30-дневен притвор поради сомнеж за злоупотреба на должноста во случајот “Рекет” и ѝ ги заплени компјутерите во коишто тешко дека ќе се најде некаков доказ со оглед на тоа што е поминато доста време од обелоденувањето на скандалот. На прес-конференцијата на јавниот обвиниел Јовески и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска, се почувствува дека таа (Рускоска) силно инсистира дека е потребно Јанева да биде притворена. Со оглед на тоа што Вилма Рускоска точно еден месец, зборувајќи за колешката Јанева, подвлекуваше јавно дека не гледала никаков мотив Катица Јанева да избега или да се гони, се потврдува фактот дека „Ла верита“ во овој период ефективно одигра корисна услуга од јавен карактер.

Сето ова нè тера да мислиме на сценарио во кое, доколку не дојдевме до аудиодокументацијата и не ја објавевме, судскиот систем предводен од омилената обвинителка на Зоран Заев, Вилма Рускоска, ќе стореше сè за да ги заташка доказите и случајот, пишува Ла верита.

И самиот сведок, Јордан Камчев, потврдува дека сето она што е објавено во видеата на „Ла верита“ е дел од доказниот материјал којшто тој веќе го предал пред повеќе недели на македонските судии.

Сега на сите им е јасно дека се до нашата интервенција овој материјал не бил земен сериозно предвид од страна на обвинителскиот врв предводен од Рускоска, жената којашто не случајно Зоран Заев сакаше да го земе местото на Катица Јанева и да продолжи со работа. Доказ за тоа дека Зоран Заев во Македонија го контролира и судскиот систем, дел од новинарскиот и секако политичкиот, се фактите коишто следуваа во последниве денови.

Семоќниот човек се обиде да ја дискредитира нашата работа, секогаш посветена кон потрага по вистината, обвинувајќи нè дека сме сакале да го саботираме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Неговите обвинувања се распаднаа како кула од карти со оглед на тоа што е потврдено дека нашиот весник од секогаш ги бранел северноатлантизмот и здравиот европеизам како важни вредности во општеството. Но, фактот дека тој (Заев) манипулира како ќе посака со судскиот систем го потврди, по психолошкиот пресврт во Македонија – по нашите откритија, ексминистерот за правда од редовите на ДУИ, Блерим Беџети, којшто рече дека во минатото Заев често пати му барал да влијае на членовите на Судскиот совет со цел да изберат нов претседател на важен суд, поприлагодлив на барањата на премиерот, пишува понатаму.

„Ла верита“ најави дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето, во оној момент кога ќе биде обезбедена безбедност на изворите, а дотогаш Катица Јанева изгледа дека е осудена да стане громобран за сите оние, судии и политичари, коишто се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев.

Камчев потврди, што беше потенцирано и од нас, дека првите докази против Јанева биле веќе презентирани пред повеќе од месец дена, по приведувањето на Боки13. Повеќе од месец дена им беше потребно на Јовески, а посебно на Рускоска, да побараат притвор за специјалната јавна обвинителка. Месец во којшто наводно би можеле да бидат уништени докази и да се влијае врз фактите. Јасно е дека целиот овој систем би можел да биде објективно критикуван најмалки за негрижа, ако не и за малициозно соучесништво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.