Се подготвува ли ново предавство од квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров во Бугарија, запраша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој тврди дека, како што вели, овој квартет кој државава ја чини многу скапо ќе отпатува во Софија, каде се спремни да дадат бел лист хартија кој бугарските политичари треба да го натоварат со барања, исти онакви какви што се содржани во Бугарската декларација со која се негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија.

Овој квартет предводен од Зоран Заев ќе го прифати сето ова, што подоцна треба да се реализира со исчекување на новата влада во Бугарија. Загрозени се националните и државни интереси, Заев им дава поклон кој многу скапо ќе ја чини нашата држава. Апелирам на внимателност на македонскиот народ, свесно и будно да не дозволиме ново предавство на квартетот Заев, Бучковски, Османи и Димитров – додава Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.