Точно шеснаесет денови поминаа откако Економски Лидер ја објави аудио бомбата за градоначалникот на СДСМ во Шуто Оризари, на која се слуша како Курто Дудуш тепа и малтретира човек во неговиот кабинет.И по повеќе од две недели, Министерството за внатрешни работи, наместо да преземе конкретна акција, се обиде да го заташка случајот и да замолчи пред јавноста. Јавното обвинителство, исто така, не презеде никаква иницијатива да го истражи случајот со Дудуш – пишува Лидер.

Порталот понатаму додава дека иако премиерот Зоран Заев и СДСМ го осудија насилството и ветија дека ќе има истрага за случајот, Дудуш, сè уште, слободно си ја извршува својата функција, без никакво обвинение од страна на надлежните.

Одговорност за овој случај не е поднесена ниту од МВР, кое се обиде да го заташка случајот со тоа што пријавата на жртвата Сенат Јашар била сменета и заведена како “Поплака”. Ова е класично заташкување на случајот на насилство врз лицето Курто Дудуш од страна на МВР и началникот на П.С. Чаир, Коменовиќ Сашко.

Извор од МВР за Лидер тврди дека во заташкувањето на случајот бил вмешан министерот Оливер Спасовски кој интервенирал да пријавата да се преименува во поплака за да може да се спаси градоначалникот Курто Дудуш.

Лидер веќе го објави доказот како МВР се обиде да го сокрие скандалот.

Поплаката ја потпишал, полицискиот службеник, полицискиот службеник Волковски Љупчо.

Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.