Демир Исмаил, претседател на Европската ромска дијаспора „Асва“, во интервју за Пресинг ТВ го обвинува градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, дека го нападнал за време на одржувањето на ромскиот бал.

Исмаил смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

Проблемот настана откако повеќе не сакавме да соработуваме со градоначалникот. Во 2018 година бев поканет на Ромски бал во хотелот „Александар Палас“. Таму јавно ме нападна Дудуш. За тоа имам снимки и лекарско уверение. Имам тешки повреди и тоа трае веќе две години – раскажува Исмаил за Пресинг ТВ.

Исмаил, кој живее во Брисел, поднел пријава против градоначалникот за насилства, и пресудата треба да биде објавена на 26 мај. Тој очекува судот да пресуди во негова корист, а не да штити луѓе кои се насили и под заштита на актуелната власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.