Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц, на Твитер го поздрави изгласувањето на уставните измени, со надеж дека тоа создава позитивен импулс во регионот.

Усвојувањето на уставните измени од Парламентот во Скопје денеска е многу охрабрувачки и голем чекор напред во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Се надеваме дека со ова се создава позитивен импулс во целиот регион. ЕУ е комплетна кога сите земји од Западен Балкан се приклучија, напиша Курц на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.