Поранешната пратеничка и претседателка на скопската организација на СДСМ, Софија Куновска вели дека промените на „Бихаќка“ може да бидат корисни доколку се темелат на принципи, но се сомнева дека тоа е случај сега, иако ќе и биде драго ако времето ја демантира.

Впечатокот е дека обрачот се стега околу врвот на СДСМ. Лошото менаџирање со наметнатите високи очекувања кај граѓаните од самиот почеток на раководењето со СДСМ, но и со Владата, од страна на актуелното раководство дојде на наплата. Затоа акцијата е во крајна нужда иако беше најавувана одамна, но во помал обем, коментира Куновска за „Независен весник“.

Според неа, од пред два дена, лествицата на очекувања е поставена уште повисоко.

Внатрепартиската прераспределба на функции во СДСМ е сосем неважна за граѓаните. Очекувањата се дека промените важни за граѓанинот допрва следат во обем и квалитет сооодветен на досегашните крупни потфрлања. А тоа нема да биде едноставно. Прашање што останува да лебди е дали само кадровските смени ќе бидат доволни за поправање на впечатокот или сето ова ќе мора да биде проследено со подлабоки системски зафати, вели Куновска.

Повеќе на „Независен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.