КООРДИНАЦИЈА НА БОТОВИТЕ

Ах, таа ботовска немоќ и примитивизам до хумористично ниво… Срцки се владините ботови. Многу содржајна, ем ефикасна одбрана од критички текстови е кога се занимаваат со сексуалната активност на авторот на критиките. Слично како што се бранеше ВМРО-ДПМНЕ додека беа власт. Додуша, светол пример им е шефот. Кога него го прашуваат за криминал тој одговара со “педер еден“. Јас “владата вака и вака“, они “она сексуално вака и вака“. А јас па мислам државава треба да ја оправаме, а не индивидуалните сексуални активности. И немојте вака несериозно… Седнете како луѓе и договорете се, искоординирате се. Ќе терате со тоа дека многу сум сексуално активна и ептен ме бива или пак дека неактивна па исфрусрирана. Не оди вака “еден у клин, еден у плоча“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.