Поранешната претседателска на градската организација на СДСМ во Скопје, Софија Куновска, вели дека предложените измени на Изборниот закон се направени за да се спречи каков било демократски изблик на организирање на незадоволството од политичката понуда во вид на независни листи или кандидати на претстојните избори.

Сега станува јасно зошто се договорија за измени на Изборниот закон, не само на веќе распишани избори туку и со цел уназадување на демократијата.

 

Се прави се за да се спречи било каков демократски изблик на организирање на незадоволството од политичката понуда во вид на независни листи или кандидати на претстојните избори.

 

Но, на крајот се ќе им биде попусто. Ваквите авторитарни интервенции само ќе ги натераат незадоволните да се организираат во една политичка партија која ќе ги порази – коментира Куновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.