Екс пратеничката на СДСМ Софија Куновска на својот Фејсбук профил сподели статус со кој ги критикува и премиерот и министрите во неговата влада.

Дека тој не се срами од себе покажа многу пати.

Но, дека ниту еден од министрите не се срами од него и дозволуваат се уште да им биде авторитет е тажен факт и за македонската политика воопшто, но и за самите нив.

Верував дека има барем двајца што ќе се заблагодарат за довербата и соработката после последниот инцидент и ќе заминат со крената глава и чист образ.

Не е крај на светот ако не си министер, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.