Ако некому не му е јасно зошто вчера вечер Извршниот одбор на СДСМ не ги објави заклучоците, има логичен одговор, вели поранешната функционерка од СДСМ Софија Куновска, откако иако беше најавено, партијата сè уште не ги објави имињата за преостанатите планирани кандидати за градоначалници.

СДСМ и демократија- магаре и музика
Ако некому не му е јасно зошто вчера вечер Извршниот одбор на СДСМ не ги објави заклучоците, има логичен одговор.
Извршниот впрочем и секогаш до сега служеше да го овласти Заев да си носи сам одлуки.
Сите приказни за внатрепартиска демократија и истражување на јавно мислење се гола реторика, ветер и магла.
Просто е. Без демократски капацитет на партиите нема демократски капацитет ниту во владите, порача Куновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.