Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19.

Како што соопштија од Општината, на состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Бараме од Владата да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот;

– Согласно член 19 став 1 подстав 2 од Закон за домување („Службен Весник на Република Македонија“ бр.99/09, 57/10, 36/11, 54/11, 13/12, 55/13, 163/13, 42/14, 199/14, 146/15, 31/16 и 64/18), каде е наведено дека управителот има право и обврска да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови, од Општински штаб за заштита и спасување бараме во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на територија на општината.

Со седум нови заболени кумановчани во изминатите 24 часа, меѓу кои и родилка, Куманово со 54 случаи стана втор град по бројот на заболени од коронавирус после Скопје. Во самоизолација се повеќе од 1.600 лица во градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.