ВМРО-ДПМНЕ денеска продолжува со своите протести. ВМРО-ДПМНЕ останува на улица. Денеска во Република Македонија, конкретно во пет града во Битола, Струмица, Тетово, Скопје и се разбира во Куманово одржуваме тематски протести на тема на загадување на воздухот, напомена Игор Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест во Куманово.

И не случајно Куманово е во фокусот на оваа тема затоа што Куманово за жал на сите нас, на сите кумановчани, ќе ве потсетам минатата есен, минатата зима беше лидер по енормното загаденост со познатите ПМ-10 честици. Лидер не само во Република Македонија, не во Европа туку во светски рамки рамо до рамо со најзагадените градови во светот, со градовите во Индија итн, рече Божиновски.

За жал, додава, песимистички се прогнозите и за оваа есен, и за оваа зима што се пред нас. Сега секако зајакнати со актуелната пандемија со КОВИД-19 вирусот.

Оваа власт на СДСМ, ќе ве потсетам не така одамна 2016-тата година пред да ја преземе власта во Република Македонија, и овој човек овдека пред да седне во својата фотелја за градоначалник, г. Максим Димитриевски од уста не ја вадеа темата со загадување на воздухот. Се изнаслушавме разно разни нивни планови, нивни визии за решавање на овој проблем, се изнаслушавме од Ајро, се изнаслушавме за нивниот Алпски воздух кој само што дошол во Република Македонија откако тие ќе дојдат на власт. Но на дело видовме најнеспособна власт како на централно така и на локално ниво да се соочи и да се справи со овој проблем, вели Божиновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.