Во анкетниот лист кој го Фросина Ременски го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала пратеник, како заеднички имот со сопругот пријавила куќа во Скопје, од 300 метри квадратни, како и земјиште од 483 м2, исто така во Скопје, стекнати со договор за купопродажба.

Како личен имот, пак, пријавила земјиште (470 м2) и куќа (90 м2) во Крива Паланка, кој ги добила како подарок.

Нејзиниот сопруг вози „БМВ“ од три илјади евра и „веспа“, а тие имала два кредити од по 10 илјади евра, кои требало да ги отплати минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.