Улични кучиња со часови се шетале низ ходниците од Општата болница во Кичево, на приземјето каде што е приемниот оддел за пациенти. Наместо вработените кои се задолжени да го одржуваат редот во болницата, пациент бил приморан да ги избрка кучињата надвор, објави „А1Он“.

Од фотографиите објавени од проталот, се гледа како кучињата слободно се шетаат низ ходниците на болницата во Кичево.

Во истата болница со месеци се примаат и хоспитализираат и пациенти заразени со коронавирусот. Заразените, меѓу кои има и тешки случаи, се третираат на вториот кат во болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.